Уписи на факултетите на Скопскиот универзитет

УКИМ
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование, денеска и утре е првиот рок од пријавувањето за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

За оние кои се рангираа според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења, пријавувањето беше на 26 и 27 август.

Вкупно 10 678 места се слободни во прва година додипломски студии на факултетите на Скопскиот уиверзитетот во учебната 2021/2022 година.

Според Конкурсот што УКИМ го објави во јуни, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра. За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4366 слободни места, а 1065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра.

Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето од успехот во средно образование и од државната матура и за критериумите и потребните документи за упис.

Вториот рок за пријавување на кандидатите за запишување на УКИМ е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот