Упаднала во секта која ѝ го испрала мозокот, а сега најубавата актерка се врати на голема врата

Фото: Инстаграм

Една од најубавите и најталентираните актерки на светот, Мишел Фајфер, ја воодушевува публиката со своите улоги и посебната харизма од раните 1980-ти, а со глумењето во „Брилијантин 2“, „Скарфејс“, „Невини лаги“, „Фантастичните момчиња Бејкер“, „Доба на невиноста“, „Опасни умови“, „Бетмен“, „Вештерките од Иствик“…, засекогаш ги освои срцата на љубителите на филмот.

Иако нејзината кариера одеше по нагорна патека, Мишел често исчезнуваше од големото платно, па режисерот на филмот „Мајка“ јавно ја праша актерката што ја кочело, а таа му одговори во интервју за магазинот „Интервју“.

Никогаш не престанав да ја сакам глумата. Јас сум тип на личност која сака рамнотежа и кога е работата во прашање. Улогите ги избирав многу внимателно, колку време ќе ми треба да снимам филм затоа што сакам да го вклопам својот приватен и деловен живот. Во меѓувреме, станав пребирлива и не знам што да ви кажам – исчезнав, точно е – рекла своевремено актерката.

Фајфер често избегнува јавни собири, интервјуа, емисии, а ова било нејзиното објаснување.

„Размислував зошто толку не ги сакам интервјуата. Мислам дека тоа е постојан страв дека луѓето ќе сфатат дека сум измамник и дека ќе ме откријат. Дали разбирате што се обидувам да ви кажам? Луѓето конечно ќе сфатат дека немам поим да глумам и дека едноставно имав среќа“.

Актерката беше мошне активна до 2002 година. По филмот „White Oleander“ снимила неколку филмови на подолги интервали.

Mišel Fajfer 1995. godine

Фото: Профимедиа

Пред да успее во Холивуд, додека посетувала часови по глума и дикција во Лос Анџелес, наивната Мишел била целосно изманипулирана од страна на мистериозен пар кој водел метафизички и вегетаријански култ.

Тие собирале луѓе и ги спречувале да бидат обземени од раскошот на Холивуд, консумирање алкохол, опијати и никотин.  Мишел била под влијание на необичниот култ и ја натерале да им ја дава целата месечна плата.

– Кога ќе се сетам на тој период, се сеќавам колку ми беше испран мозокот и на што наседнав од страв да не попаднам под влијание на славата – изјавила своевремено убавата актерка.

Мишел долги години е во среќен брак со телевизискиот ветеран Дејвид Е. Кели кој направи многу хит серии и филмови. Двојката прво посвои дете во 1993 година, а една година подоцна Мишел роди син.

Mišel Fajfer i suprug Dejvid E. Keli

Фото: Профимедиа

– Сега навистина сакам да работам, затоа што можам. Во последните неколку години имав супер понуди. Се повлеков поради моите деца. Сакав да имаат нормално растење покрај мајка и татко. Секако, кога ги дрмаше пубертетот, ги превртуваа очите на мене и постојано ме задеваа дека сум премногу голема ѕвезда Мишел Фајфер која им наредува по дома. За среќа, пораснаа – заклучила Мишел во интервјуто за Ен-би-си.

 

Видео на денот