Упад во податоците на американска агенција одговорна за безбедноста на комуникациите на Белата куќа

Фото : Архива

Во ДИСА има персонал од 8.000 воени и цивилни лица.

Американска агенција, одговорна за безбедноста на комуникациите во Белата куќа, соопшти дека броевите за социјално осигурување и другите лични информации во нејзината компјутерска мрежа можно е да биле компромитирани. Ова се наведува во писмото испратено до лица чии податоци можеби биле украдени, јавија американски медиуми.

Писмото е датирано од 11 февруари 2020 година. Во него се вели дека помеѓу мај и јули 2019 година можно е биле компромитирани личните податоци „поради упад во базата” на Агенцијата за заштита на информациските системи (ДИСА).

Белата куќа се уште не одговорила на барањето за коментар и не се дадени дополнителни детали во писмото. На пример, не се прецизира кој специфичен дел од мрежата на ДИСА е нападнат, ниту податоците за кои други лица биле компромитирани.

Во ДИСА има персонал од 8.000 воени и цивилни лица.

Таа „обезбедува директна телекомуникациска и ИТ поддршка на претседателот, потпретседателот, нивните кабинети и Тајната служба”.

Според сајтот, агенцијата обезбедува и „директна поддршка” на претседателот на Советот на началниците на американската армија, како и на високи воени претставници на САД.

Во писмото од агенцијата се додава дека нема докази дека се украдени лични податоци. Сепак, со закон се должни да ги известуваат лицата чии лични информации можеби биле погодени од кибер криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот