-6 C
Скопје

Универзитет Колумбија: Администрацијата на Трамп можела да спречи смрт од ковид-19 на 210.00 Американци

Несоодветниот одговор на владата на американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против пандемијата на Ковид-19 доведе до смртност од 130.000 до 210.000 случаи кои можеле да се спречат. Тоа е наведено во новата студија на тим експерти за јавно здравје и подготвеност при катастрофи, пишува „Гардијан”.

„САД  ја претворија глобалната криза во катастрофална трагедија”, се вели во студијата на истражувачите од Универзитетот Колумбија.

„Откривме дека најмалку 130.000 смртни случаи и можеби 210.000 можеа да се спречат со навремена политичка интервенција и поголема федерална координација и лидерство”, велат истражувачите.

Многу значајни фактори кои влијаеја на смртноста за време на пандемијата беа присутни многу пред новиот коронавирус да се појави во државата Вашингтон на 20 јануари 2020 година – разбиен здравствен систем, несоодветен пристап до здравствена заштита, огромно здравствени, социјални и расни разлики меѓу најранливите групи во САД, известуваат авторите на студијата.

Прочитајте и...  Вархеји ја поздрави одлуката на Србија за амбасадорот, ја повика Црна Гора да го направи истото

Ова се влошува со фактот дека администрацијата јавно ги дискредитира здравствените работници и науката воопшто, што ги попречува напорите на јавното здравство да се запре ширењето на коронавирусот, заклучија истражувачите.

Поврзани вести

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Слободен печат

Изостана денешната ковид- статистика

Слободен печат

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Слободен печат

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

Слободен печат

Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар