Уништено местото на тетовско Кале каде пред неколку часа беше оддадена почит за бранителите од 2001 година

Само неколку часа по настанот на кој Одборот на бранители денеска на тетовското Кале го организираше во чест на бранителите за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 уништени се сите оставени цвеќиња. Спомен плочата не е оштетена затоа што веднаш по настанот токму поради превенција од Одборот ја подигнале и однеле на безбедно место.

-Оштетувањето го пријавив во полицијата. Оттаму ми рекоа дека ќе биде извршен увид на самото место. Ова е показател каков е нивниот соживот на дело, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

На ридот Балтепе на пладне беше откриена нова спомен плоча во чест на бранителите од Армијата и Полицијата за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 и за оние кои во тетовскиот регион ги дадоа животите во одбрана на државниот суверенитет. По поставување на плочата беше оддадена почит со едноминутно молчење како и со положување на цвеќе, а одржана беше и помен панихида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот