Уништена урбана опрема во Куманово

Уништена урбана опрема. / Фото: Архива на Слободен печат

Несовесни граѓани откорнале клупи од градскиот кеј и ги фрлиле во реката Кумановка. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски го осуди вандализмот и повика граѓаните да пријават несовесно однесување.

-Вандализмот нема граница, можеби само на момент те прави да се чувствуваш одважен, но всушност си толку многу неодговорен и штетен за заедницата. Ние уништените клупи на градскиот кеј повторно ќе ги направиме, но време е и да го заштитиме заедничкиот имот. Заедно да го осудиме вандализмот, повика Димитриевски.

Ова не е прв случај на уништување на комунална опрема и друг јавен имот. Претходно несовесни граѓани уништија штотуку поставена урбана опрема на локалитетот Студена Вода, често мета се и сообраќајни знаци. Мета на вандалите најчесто се и клупите поставени на градскиот кеј, во парковите и на останатите локации во градот. Неретко се случува откако ќе се обнови комуналната опрема, несовесни граѓани да ја уништат.

Димитриевски апелираше до граѓаните да пријават вандалско однесување и да споделат информации за уништување на заедничкиот имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот