Уништен билборд со ликот на носителот на листа во ИЕ 3, Љупчо Нилоловски во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица уништени партиски билборд со ликот на носителот на листа во ИЕ 3, Љупчо Нилоловски. Прва на ваквата вандалска појава реагираше градоначалничката Соња Стаменкова.

– Чкртано, фарбано, нефарбано, јасно се познава кој човек е на фотографијата. Љупчо Николовски, носител на листата во ИЕ 3, е човекот со биографија чиста како солза, а неа не може да ја извалкате. Убава позитивна кампања наспрема кампања исполнета со омраза и поделба, истакна Стаменкова.

Со реакција за уништувањето на билбордите излегоа и од Општинската организација на СДСМ од Македонска Каменица.

– На сите веќе им станува јасно дека ДПМНЕ дејствува како злосторничко здружение. Од фотографиите можете да се потсетите на начинот на кој, во минатото, владееше ДПМНЕ во Македонска Каменица. Деструктивно, со терор, лаги и манипулации!

Во нивните спотови пропагираат вработување за послушниците единствено преку партиската книшка и „бокс у фаца” за жените и неподобните. Паниката во нивните редови е голема. Но колку повеќе тие уништуваат, ние заедно со граѓаните можеме, и ќе работиме, уштеповеќе и уште подобро. Режим, никогаш повеќе, се вели во реакцијата од Општинската организација на СДСМ Македонска Каменица.

За случајот се запознаени надлежните органи и Државната изборна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот