УНИЦЕФ: Во 2019 година 100.000 деца починаа од СИДА

Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) во најновиот извештај наведува дека 100.000 деца починале од СИДА во 2019 година, а речиси 320.000 деца и адолесценти се новоинфицирани.

Според податоците, приближно на секоја минута и 40 секунди едно дете или младо лице на возраст под 20 години било заразено со ХИВ минатата година, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе предупреди дека пандемијата со Ковид-19, ја отежнуваат бората против СИДА-та.

Според УНИЦЕФ, поради новиот коронавирус децата, адолесцентите и бремените жени во голем број земји немаат еднаков пристап до медицинските услуги и третмани. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот