УНИЦЕФ: Третина од корисниците на Интернет се деца

Истражувањето наведува дека најчесто активностите на децата на интернет се консумација и репродукција на видео и фото содржини, слушање музика и играње видео игри.

Ширум светот утре ќе биде одбележен Денот за сигурен интернет, а според податоците на УНИЦЕФ, децата сочинуваат една третина од вкупниот број интернет корисници, пренесуваат агенциите.

Истражувањето на УНИЦЕФ „ Сигурност на интернет за целото семејство” покажа дека помалку од 10 отсто деца на возраст од четири до осум години не користат дигитални уреди, а некои деца пристапуваат на интернет пред својата трета година.

Истражувањето наведува дека најчесто активностите на децата на интернет се консумација и репродукција на видео и фото содржини, слушање музика и играње видео игри.

Податоците покажуваат дека 80 отсто од учениицте слободното време го минуваат со игри, па, затоам истакнуваат дигиталната технологија активно учествува во обликувањето на начинот на кој децата комуницираат и на кој се дружат.

Во Намикс сметаат дека одговорите на предизвиците од дигиталната револуција се наоѓаат во покревање на свеста за интернетот, сигурноста во онлајн сферата, како и ширењето на дигиталната писменост, која подразбира соработка со родителите, учителите и другите кои се занимваат со едукација на децата со претставниците на индустријата и носителите на одлуките.

Денот за сигурен интернет е кампања што почна во 2004 година и зафаќа најразлични теми, од кибер малтретирање до кристење на социјалните мрежи.

Денот се одбележува во над 150 земји од светот и се фокусира на актуелни теми што се однесуваат на присуство на мрежата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот