УНИЦЕФ: На пет милиони сириски деца им е неопходна помош поради војната

Фото: Архива

На секои десет часа умира дете како резултат на војната во Сирија, соопшти денеска УНИЦЕФ и поднесе официјално барање за помош на сириските деца.

Организацијата на ОН задолжена за детските права забележува дека со оглед на тоа дека војната во Сирија влегува во својата 10-та година, многу сириски деца не знаат ништо друго освен војна.

Во извештајот на УНИЦЕФ од 9 март беше соопштено дека од 2014 до крајот на 2019 година во Сирија се убиени 5.447 деца. Тие оценуваат дека на над пет милиони деца неопходна им е помош.

– Хуманитарната помош можеби не ја запира војната, но може да ги минимизира страдањата на оние кои се најмногу погодени, рече Кристијан Шнајдер, раководител на УНИЦЕФ Германија .

Тој на Твитер објави дека за два дена војната влегува во својата десетта година и ја сподели својата надеж дека „ужасната годишнина нема да биде важна во 2021 година”.

УНИЦЕФ Сирија соопшти дека од 2014 година па досега околу 2,6 милиони деца се внатрешно раселени во Сирија, а околу 2,5 милиони се регистрирани како бегалци во соседните земји. Вкупно 2,8 милиони деца не одат во училиште.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот