УНИЦЕФ ќе купи 220 милиони дози од „Спутник В”

Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) ќе купи 220 милиони дози од руската вакцина Спутник В, соопшти рускиот фонд за директни инвестиции, што се занимава со пласман на вакцината на пазарот, јави ДПА.

Потпишан е договор што ќе овозможи да се вакцинираат 110 милиони луѓе против ковид-19, соопшти Фондот.

Испораките ќе бидат извршени под услов руската вакцина да добие одобрение за итна употреба од Светската здравствена организација, што се очекува од октомври минатата година.

Вакцината Спутник В во моментов е одобрена за употреба во повеќе од 65 земји во светот, покажуваат податоците на рускиот фонд за директни инвестиции.

Од земјите-членки на Европската унија, руската вакцина се користи во Унгарија и Словачка. Тоа се случува и покрај фактот што Европската агенција за лекови се уште не ја одобрила употребата на Спутник В

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот