УНИЦЕФ: Во некои делови Талибанците го поддржаа образованието за девојчињата

Деца за време на немирите во Авганистан/Фото: EPA / HEDAYATULLAH AMID

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопштија дека во некои делови на Авганистан, талибанските групи ја изразиле својата поддршка за образование на девојчињата, изјави денеска шефот на УНИЦЕФ во Авганистан, Мустафа Бен Месауд, пренесува Ројтерс.

Месауд наведува дека некои локални претставници на талибанците ги чекаат наредбите на нивните лидери, затоа не можат да го гарантираат правото на образование за девојчињата.

„Оптимистични сме во поглед на напредокот“ изјави претставникот на УНИЦЕФ на конференцијата во Женева.

ОН ги повика талибанците да ги задржат своите ветувања, во кои, меѓу другото, спаѓаат правата на жените и образованието на девојчињата.

„Талибанците дадоа повеќе изјави кои беа површно навредливи. Но, нивните постапки се подлабоки од зборовите, а сега е многу рано за да се констатира такво нешто“ изјави Руперт Колвил, потпаролот за човекови права на ОН.

Ваквите изјави, според поранешните искуства, мора да бидат третирани со некаков скептицизам. Сепак, талибанците ветија дека девојчињата ќе можат безбедно да бидат вклучени во образованието, останува да видиме дали тоа ветување ќе го исполнат насекаде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот