УНИЦЕФ: Секое петто дете во светот на возраст од 15 до 24 години често се чуствува депресивно

Profimedia
Депресија и анксиозност / Фото: Архива на Слободен печат

Речиси секое петто дете на возраст од 15 до 24 годишни ширум светот велат дека често се чувствуваат депресивно, според новиот извештај на УНИЦЕФ, пренесува Гардијан.

Во извештајот се нагласува како се проценува дека повеќе од еден од седум деца од 10 до 19 години (13%) живеат со дијагностицирано нарушување на менталното здравје-89 милиони момчиња и 77 милиони девојчиња.

Владите ширум светот мора да инвестираат повеќе пари и средства за зачувување на менталната благосостојба на децата и адолесцентите, предупреди најновиот извештај на агенцијата на ОН за заштита на децата, УНИЦЕФ. Во него се предупредува на негативни последици врз менталното здравје поради пандемијата на ковид-19.

Пандемијата особено ги погоди сиромашните и загрозени деца

Детскиот фонд на ОН објави дека извештајот „Состојбата на децата во светот” е досега најсеопфатната студија на УНИЦЕФ за менталното здравје на децата и адолесцентите ширум светот.

Кризата со коронавирусот, која принуди да се затворат училиштата, што го влоши животот на децата и адолесцентите, го донесе прашањето за нивната ментална благосостојба во прв план.

Според проценките на УНИЦЕФ, ќе бидат потребни години за целосно да се измери влијанието на пандемијата врз менталното здравје на младите луѓе. Психијатрите брзо видоа знаци на вознемиреност, а децата и адолесцентите побараа помош поради самоубиствени мисли, вознемиреност, нарушувања во исхраната и други тешкотии

„Со ограничувањата на движењето поврзани со пандемијата, децата поминаа неизбришливи години од својот живот далеку од семејството, пријателите, училниците, кои се клучни елементи на самото детство. Влијанието е значајно и тоа е само врвот на ледениот брег“ рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

Повикувајќи се на податоци пред пандемијата за 2019 година, УНИЦЕФ проценува дека секоја година речиси 46.000 деца и адолесценти на возраст од 10 до 19 години си го одземаат својот живот.

Менталното здравје е дел од физичкото здравје

Недостатокот на инвестиции значи дека луѓето што работат во голем број области, вклучително и примарна здравствена заштита, образованието и социјалните услуги, не се способни да ги решат проблемите со менталното здравје.

„Менталното здравје е дел од физичкото здравје – не можеме да си дозволиме да продолжиме да го гледаме како поинаку“, рече Форе. „Одамна, во богатите и сиромашните земји, видовме премалку разбирање и премалку инвестиции во критичен елемент за максимизирање на потенцијалот на секое дете. Ова треба да се промени “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот