УНИЦЕФ: Потребна е хуманитарна помош за над 12 милиони сириски деца

Фото: Архива

На над 12,3 милиони сириски деца им е потребна хуманитарна помош, предупредија денеска Обединетите нации (ОН), наведувајќи дека ова е најголемиот број на загрозени деца од почетокот на конфликтот во оваа земја во 2011 година, пренесе Бета.

– Милиони деца и натаму живеат во страв и неизвесност во Сирија и соседните земји и потребна им е помош – изјави Адел Ходр, регионален директор на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за Блискиот Исток и Северна Африка.

Според најновите податоци на агенцијата на ОН, „на повеќе од 6,5 милиони деца во Сирија им е потребна помош и речиси 5,8 милиони сириски деца во соседните земји зависат од ваква помош”.

УНИЦЕФ изрази жалење за намаленото меѓународно финансирање, тврдејќи дека добил „помалку од половина од потребните средства оваа година”.

Регионалниот директор на УНИЦЕФ додаде дека „цените на основните прехранбени производи, вклучително и храната, вртоглаво растат, делумно поради кризата во Украина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот