УНИЦЕФ: Не е точно дека корона се пренесува со доење

бебе доење
Фото: Profimedia

Фондот за деца при Обединетите Нации, УНИЦЕФ, ги отфрли тврдењата на експертите за маркетинг, со цел рекламирање и продажба на бебешка храна, дека коронавирусот може да се пренесе преку доење.

Во разговор за Анадолија, по повод Светската недела на доењето, која се слави од 1 август и завршува токму денес, канцеларијата на УНИЦЕФ во Турција потврди дека е безбедно да се продолжи со доењето дури и кога постои сомневање или потврда дека мајката е заразена со коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICEF MK (@unicefmk)

Придобивките од доењето ги надминуваат ризиците од „ковид-19“

Персоналот на УНИЦЕФ, кој сакаше да остане анонимен, ги повтори препораките на Светската здравствена организација дека жените кои дојат можат да примаат вакцина против коронавирус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICEF MK (@unicefmk)


„Многубројните придобивки од доењето далеку ги надминуваат потенцијалните ризици од болеста поврзана со вирусот“, велат тие.

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Турција, исто така, ги повика компаниите и работодавачите да спроведат политики што се пријателски за семејството и мајката и да им обезбедат простор и време како и поддршка за доење.

„Доењето им дава на децата најдобар почеток во животот. Тоа е најдобриот извор на исхрана на бебето, го зајакнува развојот на мозокот со доживотни придобивки за бебето“, велат од УНИЦЕФ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICEF MK (@unicefmk)


Светската недела на доењето се одбележува секоја година од 1 до 7 август со цел да се подигне свеста и да се поттикне акција на теми поврзани со доењето. Оваа година темата е „Заштита на доењето: заедничка одговорност“.

Експертите на УНИЦЕФ велат дека раното доење (во првиот час од раѓањето), ексклузивното доење (до петтиот месец од животот) и континуираното доење (од шестиот до 23 – от месец од животот на детето) нудат силна одбрана од сите форми на неухранетост во детството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma ✨ (@lancasteremro)

Животот на повеќе од 820.000 деца може да се спаси со доење

Пофалувајќи ги напорите за подобрување на стапките на доење ширум светот, УНИЦЕФ за Анадолија изјави дека се работи на значајна работа за промовирање, заштита и поддршка на доењето и дека инциденцата на ексклузивно доење е зголемена за 50 проценти во последните четири децении.

Светската здравствена организација наведува дека повеќе од 820.000 животи на деца би можеле да се спасат секоја година, доколку сите деца на возраст под две години оптимално се дојат.


Се проценува дека неисхранетоста е поврзана со 2,7 милиони смртни случаи годишно, или 45 проценти од сите смртни случаи кај децата.

УНИЦЕФ ги повикува владите целосно да го спроведат Меѓународниот код на СЗО за маркетинг на замени за мајчиното млеко.

Меѓународниот код беше усвоен од Светското здравствено собрание на 21 мај 1981 година, со цел да се заштитат семејствата од агресивни маркетинг тактики на адаптираната млечна индустрија, насочени кон промовирање на замени на мајчиното млеко, што придонесе за намалување на стапките на доење и зголемување на морбидитетот кај децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carina (@lifeandallitsjazz)

Позитивни ефекти врз здравјето на мајката

Гинекологот Селен Еџемис за Анадолија изјавила дека доењето е „најсилниот фактор за воспоставување посебна љубовна врска помеѓу мајката и детето по раѓањето“.

Нагласувајќи дека мајчиното млеко е неопходно за здрав раст и развој на бебињата, Еџемис истакнала дека не може да се замени со производи како што е адаптираната млеко и други додатоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JUNO (@junopaulsen)

„Доењето ја зголемува стапката на преживување кај предвремено родени бебиња и деца со мала родилна тежина. Има позитивни ефекти врз здравјето на мајката, како постпартално закрепнување на матката и намалување на крварењето, позитивна метаболичка интеракција, намалување на стресот и природна заштита“, истакнала Еџемис.

Видео на денот