УНИЦЕФ: Илјада жени и деца, меѓу приведените мигранти во Либија, се во непосредна опасност

УНИЦЕФ/ Фото: МИА

Најмалку 1.000 жени и деца меѓу илјадниците мигранти што ги држат либиските власти во преполните центри за притвор во Триполи се во „непосредна опасност”, предупреди денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

„Околу 751 жена и 255 деца се меѓу илјадниците мигранти и баратели на азил фатени во последните масовни апсења”, се наведува во соопштението на главниот град на канцеларијата на УНИЦЕФ во Либија.

Во соопштението се додава дека безбедноста и благосостојбата на овие жени и деца, од кои пет се без придружба и најмалку се 30 бебиња, се наоѓаат во непосредна опасност.

На почетокот на октомври, либиските власти извршија рација во сиромашен кварт од Триполи, каде што нивната главна цел беше да соберат мигранти со нерегуларен статус. Во акцијата, која официјално беше спроведена во име на борбата против трговијата со дрога, беа уапсени најмалку 5.000 мигранти и бегалци.

Либија е водечка транзитна точка за десетици илјади мигранти, главно од субсахарска Африка, кои сакаат да стигнат до Европа.

УНИЦЕФ наведува дека овие центри за притвор примаат многу повеќе луѓе отколку нивниот капацитет. Најголемиот либиски центар Ал-Мабани има повеќе од 5.000 луѓе, што е четири пати повеќе од неговиот капацитет.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот