УНХЦР: Пристапувањето кон конвенциите за бездржавјанство е една од глобалните заложби

Претставништвото на УНХЦР во Македонија го поздравува одобрувањето на Собранието за пристапување кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанството од 1961 година.

Како што соопшти УНХЦР, пристапувањето кон конвенциите за бездржавјанство е една од глобалните заложби кои ги прават државите со цел ставање крај на бездржавјанството до 2024 година.

– Со последниот чекор, депонирањето инструменти на пристапување, што се очекува набрзо, Северна Македонија ќе биде одговорна страна на двата клучни договора на ОН за бездржавјанство, Конвенцијата во врска со статусот на лицата без државјанство од 1954 година и Конвенцијата за намалување на бездржавјанството од 1961 година и ќе ја заокружи својата правна рамка за намалување и спречување на појавата на бездржавјанство на средината од десетгодишната кампања „Јас припаѓам” отпочната од УНХЦР во 2014-та – се наведува во соопштението од УНХЦР.

Бездржавјанството, како што посочуваат од УНХЦР, е проблем што влијае на милиони луѓе низ светот.

Жените и децата се посебно засегнати, а нивното немање државјанство ги става во екстремно ранлива ситуација. Правото на државјанство е основно човеково право вградено во Универзалната декларација за човековите права, се наведува во соопштението од УНХЦР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот