УНХЦР: Грција да реагира на шокантните и недостојни услови во кои живеат мигрантите

Во моментов, околу 36.000 луѓе се наоѓаат во преполните кампови на петте грчки острови. Овие кампови се предвидени да примат 6.200 луѓе.

Високиот комесар за бегалци при ООН, Филипо Гранди, денеска ја повика Грција, со поддршка од Европа, да реагира на „неодржливата ситуација” во која се наоѓаат бегалците на грчките острови спроти Турција.

– Условите за живот на островите се шокантни и недостојни, рече Гранди, оценувајќи дека условите се влошиле од неговата последна посета во ноември.

Високиот комесар повика на европска солидарност и поделба на одговорноста, на тој начин што малолетниците без придружба  и други ранливи групи мигранти и бегалци да се префрлат во други земји од Европската унија. Гранди, исто така, повика на побрза процедура за повторно обединување на семејствата.

Во моментов, околу 36.000 луѓе се наоѓаат во преполните кампови на петте грчки острови. Овие кампови се предвидени да примат 6.200 луѓе.

– Многу луѓе живеат без електрична енергија, питка вода и среде нечистотија и ѓубре” рече Гранди, додавајќи дека некои мигранти треба итно да бидат пренесени во други делови на Грција. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот