УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица, само од Украина 8 милиони

Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија опколениот град Суми/ Фото: Црвен крст Украина

Војната во Украина е еден од факторите што принуди неколку милиони луѓе да избегаат од своите домови, соопшти УНХЦР, додавајќи дека долготрајните конфликти во земји како Етиопија и Демократска Република Конго се дополнителните фактори што стојат зад бројката од неколку десетици милиони прислно раселени лица.

-Ова е рекорд што никогаш не требаше да биде поставен, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„Ова мора да послужи како повик за будење за да се решат и да се спречат деструктивните конфликти, да се стави крај на прогонството и да се решат основните причини што ги тераат невините луѓе да ги напуштат своите домови”, навдува тој во изјавата.

Податоците на УНХЦР вклучуваат бегалци, баратели на азил и раселени во нивните земји.

Минатата недела УНХЦР соопшти дека бројот на внатрешно раселени лица достигнал рекордни 60 милиони до крајот на минатата година.

Гранди повика на акција за решавање на причините за раселувањето, додавајќи дека хуманитарната помош само ги лекува последиците.

-За да се смени овој тренд, единствениот одговор е мирот и стабилноста за невините луѓе да не бидат принудени да се коцкаат помеѓу акутна опасност дома или несигурно бегство и прогон, додаде тој.

Осум милиони раселени лица поради војната во Украина

Последните податоци на ОН покажуваат дека осум милиони луѓе биле принудени да се раселат поради воените дејствија во Украина, од кои повеќе од шест милиони ја напуштиле земајта.

Извештајот на Агенцијата за бегалци при ОН покажува дека бројот луѓе принудени да бегаат од конфликти, насилство, кршење на човековите права и прогон ширум светот за прв пат ја надминал границата од сто милиони.

„Сочувство постои и ни е потребен сличен ангажман и за сите други кризи низ светот. Но, на крајот на краиштата хуманитарната помош е палијативно решение, а не лек. Мирот и стабилноста се единствениот одговор за сменување на негативниот тренд, за невините луѓе да не бидат приморани да избираат меѓу живот во опасност и оној во егзил”, рече Гранди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот