Унгарскиот кредит ги зголеми девизните резерви

Евра/ Фото: EPA/J.J. Guillen

Девизни резерви со кои располага државата изнесуваат 4.920 милиони евра, според состојбата забележана на крајот од ноември. За еден месец има намалување од 55,6 милиони евра во споредба со последниот ден од октомври кога изнесуваа 4.975,6 милиони евра.

Како што објавува порталот „Пари“ сепак ова е втор месец со износ што се доближува до прагот од пет милијарди евра. Причината е заемот од Унгарија. Нивото на девизните резерви го кренаа 500-те милиони евра од унгарскиот кредит, кои сѐ уште не се распределени за користење меѓу бизнисите и општините. За потсетување, во септември централната банка информираше за 4,4 милијарди евра.

Најголем дел од девизните резерви, според последната информација од Народната банка, се пласирани во хартии од вредност – 68,2 проценти, 20,4 отсто во валути и депозити, а 11,4 проценти се чуваат во монетарно злато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот