Унгарски спектрум: Груевски може да се врати од „егзил“

Развојот на настаните во Северна Македонија дава сигнали дека е можно поранешниот премиер Никола Груевски да се врати дома од „егзилот“ во Унгарија, анализира Унгарски спектрум.

Според авторот на написот, унгарските медиуми се обидуваат да ја најдат врската меѓу Груевски и претставниците на власта на Унгарија.

Сè уште останува загадочна средбата на Груевски во изнајмениот апартман од страна на унгарското МНР. Порталот потсетува дека ваквите апартмани во времето на режимот на Јанош Кадар биле наменети за средби на тајната полиција со своите информатори. Од таа гледна точка се чини дека режимот на Орбан ги користи истите методи за „тајни цели“, кога тој не сака луѓе како Груевски да бидат видени како влегуваат во МНР, или кога не сака да биде јавно виден со него.

Како што е познато Груевски во апартманот имал средба со двајца луѓе. Едниот од нив е потсекретарот во МНР за извоз, Иштван Јоо, додека другиот бил Ахмет Фират, турски бизнисмен кој живее во Будимпешта. Останува непознато што имале заедничко Груевски и Фират со унгарскиот потсекретар за извоз.

Во меѓувреме избива аферата со шефицата на СЈО, Карица Јанева, која ако заврши со обвинение против неа „случајот“ на Груевски може да биде неважечки и поранешниот премиер Груевски може да се врати во Северна Македонија, пишува Унгарски спектрум, што би било голем негов успех како и успех на неговите подржувачи, заклучува порталот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот