Унгарската министерка за правда е позитивна на коронавирус

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Унгарската министерка за правда Јудит Варга соопшти дека е позитивна на тест за коронавирусот, дека чувствува благи респираторни симптоми и оди во карантин.

– Од денеска сум дома во карантин со моето семејство. Работам од дома и нема да присуствувам на седници на Владата, објави вчера Варга на Фејсбук.

Варга, која води еден од најважните ресори во унгарската Влада и често патува во Брисел на состаноци во ЕУ, не кажа каде можеби е заразена и дали неодамна се сретнала со други владини претставници, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот