Унгарска полиција уапси двајца од најбараните бегалци во Европа

Унгарска полиција/ Фото EPA-EFE/Zoltan Mathe HUNGARY OUT

Унгарските власти уапсија двајца хрватски државјани во северозападниот град Јури, по кои се трагало поради неколку одмазднички истрели, пренесува Хина.

Словенечките власти сомничат 45-годишник и 25-годишник за обид за убиство на словенечки државјанин во Нова Горица минатата година.

Полицијата ги поврза двајцата осомничени и со неколку одмазднички престрелки во Хрватска и Италија.

Двајцата биле меѓу најбараните бегалци во Европа

Словенечките истражители ги дознале локациите на осомничените во Унгарија и побарале од оперативните полициски сили на Националната истражна канцеларија (ННИ) да им помогнат да ги приведат.

ННИ и словенечките партнерски единици брзо ги лоцирале бегалците и ги уапсиле на 19 октомври во Јура, со помош на унгарските антитерористички сили ТЕК.

Судот подоцна ќе одлучува за екстрадиција на осомничениот во Словенија, соопштија оперативните полициски сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот