Унгарија: Војската ја напушти границата кон Србија, постави полициски погранични ловци

Србија Унгарија граница/ Фото: TIMOTIC/BETAPHOTO / Sipa Press / Profimedia

Унгарија ја отстрани војската од границата со Србија и чувањето на тој простор и го довери на новоформираната полициска единица наречена погранични ловци.

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, јужната граница на Унгарија од Нова година ја надгледува нова единица на граничната полиција, која се состои од персонал под договор, наместо од вооружените сили.

Заврши седумгодишниот ангажман на унгарската армија за чување на границата со Србија… По почетокот на руската инвазија на Украина и формирањето на борбената група на НАТО во Унгарија, армијата има задача да ги заштити своите источни граници и да помага за зајакнување на источното крило на НАТО со другите сојузнички земји, се вели во соопштението од унгарските власти.

По тој повод, државниот секретар во МВР, Бенце Ретвари изјави дека минатата година имало повеќе од 263.000 обиди за илегално преминување во земјата, дека мигрантите се „се поагресивни” и дека 15 полицајци и 29 војници биле повредени во напади на границата.

Чувањето на границата од нерегуларните миграции од Балканот беше доверено на новите полициски сили наречени „Граничен ловечки полк” формиран во јули 2022 година.

Според договорот, станува збор за формација која ја пополнуваат полнолетни унгарски државјани.

Првичниот план полкот да достигне 2.200 „под договор” до септември 2022 година се покажа како премногу амбициозен бидејќи во октомври формацијата броеше околу 800 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот