Унгарија усвои антикорупциски закон за да добие средства од ЕУ

Виктор Орбан
Виктор Орбан / 30 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Унгарскиот парламент го усвои првиот од серијата антикорупциски закони, додека Будимпешта се обидува да избегне губење на средствата на Европската унија, бидејќи нејзината економија запаѓа во рецесија и форинтата достигнува рекордно ниско ниво. Владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан усвои амандман на кривичниот законик со кој се воведува кривична постапка за прекршоци поврзани со управувањето со јавниот имот, дозволувајќи судски преглед доколку истрагата е затворена без обвиненија или отфрлени кривични пријави.

Законот е еден од 17-те обврски што владата на Орбан ги презеде пред Европската комисија за да спречи суспендирање на милијарди евра од фондовите на ЕУ поради прекршување на демократската контрола, вклучително и слаби антикорупциски мерки. Соочен со зголемените енергетски трошоци и инфлација, рекордна слаба форинта и забавување на економијата, Орбан, кој долго време е во несогласување со ЕУ, сега изгледа подготвен да ги исполни барањата за создавање институции кои ќе ги намалат ризиците од корупција.

ЕУ ќе има рок до 19 ноември да процени дали последните акции на Унгарија го потиснуваат ризикот од злоупотреба на европските фондови. Инаку, се очекува ЕУ да ги намали плаќањата за 7,5 милијарди евра наменети за Унгарија, што е околу 5 отсто од нејзиниот бруто домашен производ за 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот