Унгарија призна дека ја користела израелската шпионска опрема

Фото EPA-EFE/MARTON MONUS HUNGARY OUT

Унгарија денеска за првпат јавно го призна она што веќе неколку месеци се шпекулираше дека Министерството за внатрешни работи на таа земја ја користела контроверзна шпионска опрема од израелско производство под името „Пегазус“, пишува ДВ.

Лајош Коса, инаку претседател на собраниската Комисија за внатрешни работи и одбрана, нагласи дека опремата била користена согласно законот.

Коса рече дека сите шпионски активности и надзор кои се вршеле со помош на оваа шпионска опрема биле во согласност со законот и имале согласност од судиите и од Министерството за правда.

Кој бил на мета засега остана тајна, а за тоа се разговарало во унгарскиот парламент зад затворени врати.

Аферата одекна во јавноста кога неколку светски медиуми и невладини организации летово открија голема шпионска кампања, која откри дека речиси 50.000 телефонски броеви на новинари, активисти, политичари во израелскиот систем Пегазус, но точниот број на оние кои биле на мета не е објавен. Една од индициите водеше и до Унгарија, но унгарската влада не сакаше да ја потврди употребата на оваа шпионска опрема, која штотуку ја направи оваа есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот