Унгарија повеќе не се противи на кандидатурата на Марк Руте за генерален секретар на НАТО?

Фото: EPA-EFE/PHIL NIJHUIS

Унгарија се откажа од противењето Марк Руте да биде назначен за следен генерален секретар на НАТО, објавија холандските медиуми. Ова се случи откако холандскиот премиер во оставка и неговиот унгарски колега Виктор Орбан се сретнаа на маргините на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Националната радио и телевизија (НОС) и водечкиот ТВ канал Ер-Те-Ел (РТЛ) објавија дека унгарскиот премиер не го повторил барањето за извинување од Руте за неговите „проблематични“, како што рече Орбан, оценки за Унгарија.

Извинувањето беше еден од двата услови што ги постави Унгарија да го одобри Руте како наследник на Јенс Столтенберг на чело на НАТО.

Другиот услов – да и се дадат гаранции на Будимпешта дека Унгарија нема да обезбеди средства за Украина или да испрати своја војска таму – беше исполнет минатата недела од Столтенберг.

Оваа година, САД, Велика Британија, Франција и Германија го поддржаа Руте како наследник на Столтенберг, кој ќе се повлече во октомври. Турција, исто така, во април рече дека ќе го поддржи Руте. Сега само Романија и Словачка се уште немаат дадено зелено светло.

НАТО одлуките ги донесува едногласно, затоа секој кандидат мора да ја добие поддршката од сите 32 земји-членки на организацијата.

Романскиот претседател Клаус Јоханис во март објави дека ќе се кандидира за функцијата, велејќи дека земјите од Источна Европа треба да имаат подобра застапеност во раководните улоги на организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот