Унгарија потпиша нов договор за снабдување со гас од Русија, заобиколувајќи ја Украина

Владимир Путин и Виктор Орбан
Владимир Путин и Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/Zoltan Mathe

Будимпешта потпиша нов долгорочен договор во понеделникот со рускиот енергетски гигант Гаспром за испорака на гас заобиколувајќи ја Украина, пренесува Ројтерс.

Договорот го потпишаа извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер и директорите на унгарската енергетска група „МВМ“ во Министерството за надворешни работи на Унгарија.

Договорот беше потпишан откако унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто минатиот месец објави дека Будимпешта се договорила со Москва за сите услови за нов договор за снабдување да стапи на сила од 1 октомври. Министерот рече дека според новиот договор, Унгарија ќе купи гас „за многу подобра цена отколку што беше цената која беше според договорот што истекува“, потпишан во 2020 година.

Договорот предвидува испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно во Унгарија во следните 15 години: 3,5 милијарди кубни метри гас ќе течат низ Србија и една милијарда преку Австрија. Договорот ќе важи 15 години, со можност за промена на условите по 10 години.

Реакцијата на Киев на потпишувањето на договорот беше брза. Генералниот директор на украинскиот систем за транспорт на гас, Сергеј Микогон, изрази стравување  дека со овој договор, Будимпешта практично целосно ќе го прекине транзитот на гас преку Украина.

Шефот на дипломатијата на Унгарија му порача на Киев да не се меша во внатрешните работи на неговата земја.

– Протестирам против овој обид за мешање во внатрешните работи на Унгарија и снабдување со гориво во зимскиот период, рече Сијарто, коментирајќи ги изјавите на украинските претставници по повод потпишувањето на гореспоменатиот договор.

Тој додаде дека ниту една држава не може  да влијае врз одлуките кои ги носи Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот