Унгарија нуди потенцијален пат за извоз на жито од Украина

Унгарија ја понуди својата територија како потенцијален пат за извоз на жито од Украина, бидејќи вообичаените патишта преку Црното Море се блокирани, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Украина беше главен светски производител на житарици и маслодајни семиња, но нејзиниот извоз драстично се намали откако Русија ја нападна на 24 февруари.

Поради руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море, Киев се обидува да извезува по копнен, речен и железнички пат.

Сијарто рече дека Унгарија понудила своја територија за да се овозможи храната од Украина да стигне таму каде што треба, „главно до Северна Африка и Блискиот Исток”.

Унгарскиот министер за надворешни работи, кој излезе со тој предлог на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, не кажа колку жито Украина може да извезе преку Унгарија, но додаде дека може да се активираат два логистички центри на источната граница на Унгарија за да се олесни товарот.

„Доколку некој вид житарки и други производи се извезуваат од Украина на Блискиот Исток или Северна Африка преку Унгарија, тоа може да се постигне во краток рок“, рече Сијарто, додавајќи дека со железница може брзо да се дојде од Унгарија до Југоисточна Европа.

Сијарто рече дека Унгарија го понудила и својот транспортен капацитет за украинските житни култури.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот