Унгарија не би го уапсила Путин ако тој влезе во земјата

Владимир Путин и Виктор Орбан
Владимир Путин и Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/Zoltan Mathe

Унгарија не би го уапсила рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, појаснувајќи дека за тоа нема правна основа.

Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Тој суд во петокот издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство и илегално депортирање на стотици деца од Украина.

На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гергели Гуљас рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем.

„Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на тоа не можеме да го уапсиме рускиот претседател бидејќи статутот на МКС не стапил на сила во Унгарија“, рече Гуљас.

Тој, исто така, рече дека владата не зазеде став за налогот за апсење на Путин. „Ваквите одлуки не се најсреќни бидејќи придонесуваат за понатамошна ескалација на конфликтот, а не за мир. Тоа е мое мислење“, додаде Гуљас.

Путин, само третиот претседател по кој МКС издаде налог за апсење, најверојатно нема наскоро да заврши на суд. Но, тој може да биде уапсен и испратен во Хаг доколку пристигне во кој било член на МКС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот