Унгарија на нозе по смената на главниот уредник на влијателниот медиум
Илјадници Унгарци протестираа пред резиденцијата на премиерот Виктор Орбан поради постојаните владини напади врз слободата на медиумите, што кулминираше со смената на главниот уредник на водечкиот независен сајт во земјата. „Индекс“.
Тројца уредници и повеќе од 80 новинари на „Индекс“, што се речиси сите вработени, вчера поднесоа оставки, обвинувајќи ја владата дека се обидува да го уништи или скроти сајтот. Неговиот сопственик претходно одби да го врати на функција сменетиот главен уредник Саболч Дул.