Унгарија летово без мерки, Орбан: Уште милион да вакцинираме и ќе ги попуштиме рестрикциите

Виктор Орбан/ Фото: EPA/FILIP SINGER

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска објави дека ќе може да започне со првата фаза на ублажување на ограничувањата против ковид-19 откако ќе се вакцинираат уште еден милион граѓани.

-Постојат големи шанси да бидеме без епидемиолошки ограничувања летово – рече унгарскиот премиер за државното радио.

Орбан изјавил дека целта е што е можно поскоро да се започне со имунизација на граѓаните, за што побрзо да се крене економијата во земјата која минатата година забележа пад од 5,1 одсто. Досега се вакцинирани околу 1,5 милион Унгарци, а со ублажувањето на мерките може да стартува  откако ќе бидат вакцинирани барем 2,5 милиони, што е четвртина од целокупното население. – пренесува Ројтерс.

Орбан изјави дека ја поддржува употребата на кинеските и руските вакцини против ковид – 19, а Унгарија е една од првите во ЕУ што го стори тоа.

Во Унгарија во изминатите 24 часа, е регистриран рекорден број на нови случаи заболени од коронавирусот – 10.759, а забележани се 213 смртни случаи од ковид – 19, што е и најголем број во еден ден – наведува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот