Унгарија ќе и донира 40.000 вакцини на Чешка

Фото Архива на СП

Унгарија одлучи да донира 40.000 вакцини на Чешка во првата половина на мај, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто, додавајќи дека дотогаш Унгарија ќе има доволно вакцини за свои потреби.

„Чешка е во тешка ситуација поради неправилната дистрибуција спроведена од Европската комисија“, рече Сијарто.

Тој посочи дека благодарение на навремената набавка на унгарската влада на големи количини вакцини од истокот, неговата земја е „во првите редови“ според бројот на вакцинирани, пренесува агенцијата МТИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот