Унгарија: Извештајот на ЕК за владеење на правото е „апсурден и неточен”

Фото: abouthungary.hu
Извештајот на Европската комисија (ЕК) за владеење на правото, кој е објавен денеска, е „апсурден и неточен и не може да биде основа за подлабока расправа во ЕУ”, оцени унгарската министерка за правда, Јудит Варга.
– Концептот и методологијата на извештајот се несовршени. Тие се извор на небалансираност, а содржината е неоснована, напиша Варга на својот Фејсбук профил, реагирајќи на извештајот на ЕК, во кој се критикува Унгарија поради загрозување на независноста на правосудството.
За таа чувствителна тема ќе се расправа на претстојниот самит на ЕУ, а Унгарија се закани дека ќе го блокира планот за закрепнување на ЕУ, бидејќи најавените субвенции ја поврзуваат со владеењето на правото во членките на Унијата.
Во извештајот се споменува „длабока загриженост” за независноста на судството во Унгарија, но и во Полска, во Бугарија, во Романија, во Хрватска и во Словачка. Варга изјави дека е „неприфатливо” извештајот на ЕУ да го составуваат организации од меѓународна мрежа, која е „ангажирана во координирана кампања против Унгарија”, односно 11 граѓански организации, финансирани од Џорџ Сорос.
Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано го обвинува американскиот милијардер со унгарско-еврејско потекло дека манипулира со европските институции, со цел да предизвика промена на власта во Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот