Унгарија е првата членка на ЕУ која ја одобри руската вакцина „Спутник V“

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Унгарија е првата членка на Европската унија која ја одобри руската вакцина против коронавирус „Спутник V”, а ја лиценцираше и вакцината на „Астра Зенека”.

– Унгарската фармацевтска управа издаде привремена лиценца за вакцините на Астра Зенека и Спутник, изјави Гергели Гуљаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Гуљаш рече дека одобрувањето на унгарските лекари, кои со недели биле во Москва за да ја истражат вакцината, „го расчистува патот Будимпешта да ја финализира наредбата”.

Тој додаде дека министерот за надворешни работи Питер Сијарто денеска отпатува за Москва.

Вакцината „Спутник” сè уште има потреба од конечен потпис од унгарскиот орган за јавно здравје, така што не е познато кога навистина ќе бидат дадени првите дози.

Гуљаш рече дека Унгарија, со 9,8 милиони жители, од декември примила околу 330.000 дози вакцини на „Фајзер/БиоНТек” и „Модерна”.

– За жал, ЕМА е исклучително бавна, рече Гуљаш, бранејќи ја последната позиција на Будимпешта да дејствува независно од ЕУ.

Тој рече дека Велика Британија претходно ја одобри вакцината на „Астра Зенека” и веќе вакцинира со неа, но „Унгарија сè уште не може да ја користи бидејќи ЕМА не ја одобрила”.

„АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд поднесоа барање за овластување на нивната вакцина против коронавирус во ЕУ со одлука, до 29 јануари, соопшти ЕМА минатата недела.

Според руските власти, „Спутник” е веќе регистрирана во голем број земји, како што се Србија, Белорусија, Венецуела, Боливија и Алжир.

– Владата сака да купи вакцини што веќе се дадени на милиони луѓе, и, се разбира, само вакцини кои се официјално тестирани и одобрени како безбедни и ефикасни може да се користат во Унгарија, рече Гуљаш.

Унгарија исто така се согласи да прими еден милион вакцини од кинеското производство „Синофарм”, во очекување на одобрување од унгарските инспектори кои моментално се во Пекинг.

– Се надеваме дека вакцините ќе бидат достапни во Унгарија на што повеќе места и во најголеми можни количини, рече Гуљаш.

Унгарија денеска регистрира 98 нови смртни случаи на Ковид-19, со што вкупниот број достигна 11. 700 смртни случаи во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот