Унгарија двојно го зголемува бројот на војници кои ја штитат јужната граница

Унгарската Влада одлучи двојно да го зголеми бројот на војниците кои ја штитат јужната граница, изјави Гергели Гулијас, шеф на канцеларијата на премиерот.

– Зголемен е притисокот врз мигрантите на тој дел од границата, откако 80 од нив во вторникот се обидоа да преминат во Унгарија од Србија, рече Гулијас.

Тој додаде дека петмина од нив успеале во тоа, но сите се уапсени и е покрената казнена постапка против нив.

– По две години „релативно мирни услови”, ситуацијата на јужната граница се влоши и се очекува значителен притисок на мигрантите во наредниот период, рече Гулијас.

Според него, во овој момент на таканаречената балканска рута има повеќе од 100.000 мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот