УНГАРИЈА ДЕМАНТИРА: Шпекулациите дека сакаме да ја напуштиме ЕУ се „обични глупости“

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, одговори на шпекулациите на одредени извори дека по Велика Британија, токму Унгарија би можела да биде следната земја која ќе сака да излезе од Европската Унија.

Сирјарто порача дека таквите шпекулации се „обична глупост“, како и дека Унгарија е посветена на создавање на силна Европска Унија.

Имено, данската инвестициска банка „Саксо Банк“ објави анализа и прогноза за 2020 година, а во еден дел се наведува дека „15-годишниот брак меѓу Унгарија и ЕУ е во проблеми“. Аргументот за ова тврдење е во активацијата на Членот 7 од Лисабонскиот договор против Унгарија поради политиките на унгарскиот премиер Виктор Орбан – станува збор за политиките, како што се наведува во анализата, „кои не се во согласност со вредностите на ЕУ“.

За потсетување, Унгарија меѓу другото, зазема цврст стави против примање на мигрантите и така се најде на силен удар на Брисел. Факт е дека Унгарија, на основа на Членот 7, во иднина може да биде суспендирана од некои права кои доаѓаат со членството во ЕУ. И покрај тоа, како што истакнува унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто, Будимпешта не размислува за напуштање на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот