Унгарецот Милак собори светски рекорд на Фелпс – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Унгарецот Милак собори светски рекорд на Фелпс

Унгарскиот пливач Криштоф Милак го освои златниот медал на 200 метри делфин на СП во Јужна Кореја со време на нов светски рекорд.

Младиот унгарски пливач Криштоф Милак финалната трка на 200 метри ја исплива во време од 1:50.73 минути со што го освои златниот медал и го собори рекордот на легендарниот Мајкл Фелпс кој го постави пред 10 години во Рим и изнесуваше 1:51.51 минути.

Унгарецот е првиот тинејџер кои станал светски шампион уште од Мајкл Фелпс кој имаше 18 години кога триумфира на трката на 200 метри делфин.
Второто место и сребрениот медал го освои Јапонецот Даија Сато, додека бронзениот медал го освои Чад ле Крос од Јужна Африка.

Одличен настап на Светското првенство во пливање кое се одржува во Јужна Кореја,  имаше и Италијанката Федерика Пелегрини. Искусната 30-годишна Пелегрини го освои златниот медал во дисциплината 200 метри слободен, и по четврти пат го освојува златниот медал во оваа дисциплина. Таа победи со време од 1:54.22 минути, пред Аријарна Титмус од Австралија и Швеѓанката Сара Сјостром.

Светски шампиони станаа уште и Британецот Адам Пити на 50 метри градно, Италијанецот Грегорио Палтриниери на 800 метри слободно, додека во штафетната трка на 4х100 метри мешано триумфираа пливачите од Австралија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close