Унгарците открија, Николов се сели во Серија А!? (ФОТО)

фото: твитер

Унгарскиот веб портал „csakfoci.hu“ објави колку тамошните фудбалски екипи се активни на трансфер пазарот пред натпреварите во новата сезона.

Во сите екипи се објавени новите летни засилувања, како и заминувања, а кога сме веќе кај нив истиот извор го открива следниот клуб на македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Нашиот фудбалер досега ги бранеше боите на Мол Фехервар чиј дрес го носи веќе три години. Во оваа екипа игра уште еден наш репрезентативец, Висар Муслиу.

фото: csakfoci.hu

26-годишниот играч од средниот ред Николов претходно беше дел и од Вардар и романскиот клуб Вииторул.

Важечкиот договор му истекува на 30 јуни 2021 година, а според унгарскиот медиум екипата на Џенова ќе биде новиот клуб на Николов.

Џенова успеа да обезбеди опстанок во Серија А, во нејзините редови настапува Горан Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот