Унгарците ќе се боцкаат со руска вакцина против ковид

Фото: EPA

Унгарија ќе добие примероци од руската вакцина против коронавирус за десет дена, најави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Прелиминарните резултати покажуваат дека вакцината Спутник V, е 92 отсто ефикасна против коронавирусот, наведе Сијарто.

-Ова е добра вест за Унгарија. Во сериозни преговори сме со Русите да откупиме голем број вакцини, рече во средата министерот, а пренесува агенцијата МТИ.

Примероци од вакцините ќе бидат прво дистрибуирани во лабораториите, за да поминат некои тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот