Унгарците го промовираа Муслиу (ФОТО)

Фото: Фејсбук/Шкендија

Висар Муслиу, 24-годишниот одбранбен играч потпиша договор со МОЛ Фехервар, среќен што му се придружува на овој клуб. Претходно и Шкендија го потврди трансферот…

– Во изминатиот период собирав информации околу тимот, вклучувајќи го и Бобан Николов, кого го познавам скоро 10 години, една и пол година заедно во Вардар. Но, долго време сме соиграчи, како и во националниот тим. Ми се допаѓа градот и МОЛ Арената е одлична и на која едвај чекам да настапувам – вели Муслиу.

Спортскиот директор на клубот, Золтан Ковач вели дека долго време ги гледале перформансите на Муслиу и чувствуваше дека тој сака да дојде во екипата.

– И покрај тоа што е млад, има искуство. Разговорите околу неговиот трансфер беа подолги, бидејќи неговиот претходен клуб не сакаше да го пушти од летните подготовки за настапот во еврокуповите – рече Золтан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот