УНЕСКО повторно го вклучи црвениот аларм за Охрид: Светското наследство во опасност

Фото: Unsplash / Горјан Ивановски

УНЕСКО втор пат го вкучува црвениот аларм за Охридскиот регион. На 125 страници се испишани сите неправилностите околу грижата и заштитата на Охридското Езеро во Македонија и Албанија.

Заклучокот на Мисијата е дека препораките за надминување на ранливоста и заканите дадени уште во 2017тата не се исполнети, а се појавуваат и нови.

Во извештајот се бара двете земји забрзано да спроведат десетици препораки: како уривање на дивоградбите и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето. Пописот на дивоградби е чекор напред, но рушењето оди бавно, посебно во земјавам, се вели во извештајот. Бараат забрзано рушење на терасите на брегот кои навлегуваат и во езерските води. Вакви појави се забележани и во Радожда, Струга која има најголем број на изградени ресторани на крајбрежјето.

„Сето тоа доведе до нессодветни интервенции, негативни ефекти врз градското планирање, предлози за проекти од големи размери што резултира во сериозно влошување на состојбата на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж и клучните атрибути на исклучителната универзална вредност. Со тоа, Светското наследство на Охридскиот регион ги исполни условите за впишување на Листата на: Светско наследство во опасност.“ укажува УНЕСКО.

Алармираат дека зголемената урбанизација и развојот на инфраструктурата долж крајбрежјето се меша со природните ресурси, предизвикува поголема потрошувачка на вода и дрва, зголемено загадување од нетретирана отпадна вода, цврст отпад и фрагментација, и уништување на природните живеалишта.

За некои од препораките земјава има три години да ги спроведе, но за поголемиот дел се бара итно спроведување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот