УНЕСКО не бара Нотр Дам да се реконстуира исто како претходно
Од УНЕСКО не бараат катедралата Нотр Дам да биде реконструирана иста како што била.
– Обновата на катедралата Нотр Дам мора да ги заштити универзалните вредности на тоа место – стои во соопштението на делегацијата на УНЕСКО, која се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
Во соопштение од кабинетот на Макрон пак велат дека претставниците на УНЕСКО навеле дека се подготвени да помогнат во обновата на катедралата, особено во делот на техничката експертиза.
Генералната директорка на светската организација изјави дека мора да се почитува интегритетот и автентичноста на споменикот од светско културно наследство, но тоа не значи дека црквата не мора да остане непроменета.
УНЕСКО формално го признава правото на секоја генерација да учествува во наследството на човештвото со прилагодување на природните и историските процеси на промена со новите можности кои ги нуди напредната технологија.