УНЕСКО му даде уште една, последна шанса на Охрид

Фото; МИА

Северна Македонија ќе добие дополнителен рок од две години за имплементација на препораките на УНЕСКО (до 2023 г.), со што Охридскиот регион засега нема да биде впишан на Листата на светски културни и природни наследства во опасност, дознава “360 степени”.

Охридскиот регион, сепак, ќе добие уште една шанса пред евентуално да биде ставен на Листата на светски културни и природни наследства на УНЕСКО во опасност.

На средбата во кинескиот град Фужоу, каде се одржува 44. сесија на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), мислењата за идниот статус на Охрид беа поделени.

Но, преговорите меѓу државите со спротивставени ставови завршиле со компромис, а официјалната одлука на Комитетот на УНЕСКО, по вчерашното одлагање, се очекува да биде донесена утре.

Во одлуката се очекува повторно да биде содржана обврската во овие дополнителни две години да се имплементираат сите препораки на УНЕСКО за Охридскиот регион. Станува збор за прецизна листа на обврски и рокови за нивно извршување, како и строг надзор од УНЕСКО.

Ова следува откако вчера немаше консензус за да се изгласа предлог-одлуката Охрид да биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност.

Како што вчера објави МИА, на таквиот предлог реагирала Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина. Нивната делегација поднела амандман со кој се брише реченицата со која Охрид би станал културно наследство во опаност и предложи Северна Македонија и Албанија да продолжат да постапуваат по препораките на УНЕСКО и да поднесат конечен извештај за сработеното до 1 феврурари 2023 година.

Предлогот на БиХ бил поддржан од Русија, Унгарија, Саудиска Арабија, Кина и Шпанија. Против се изјасниле Норвешка, Бахреин и Гватемала, кои сметале дека токму ставањето на Охрид на листата на наследство во опасност, а не обратно, ќе ги мотивира засегнатите држави во напорите за спроведување интегрирани мерки и активности за елиминирање на регистрираните закани, пишува Балкан Инсајт.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, вчера во своето обраќање пред учесниците на состанокот, побара продолжување на роковите за да се овозможи натамошно дејствување во сите сфери за дополнителна заштита на светското културно и природно богатство. Таа посочи дека земјава изминатите две години демонстрирала истрајност и подготвеност да ги интензивира напорите за исполнување на препораките и забелешките на УНЕСКО.

Заев: Каква и да е одлуката на УНЕСКО Охрид и Охридското Езеро се нашето богатство што мора да го чуваме

 

Нов обид да се подигне на диво шанк на плажата Кадмо во Охрид, реагираше полицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот