УНЕСКО изрази загриженост за употреба на прекумерната сила врз новинарите

Фото: EPA-EFE

Високиот комесар на ООН за човекови права Мишел Бачел го осуди „невиденото насилство” врз новинарите во САД за време на протестите против расизмот и полициската бруталност.

Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, денеска изјави дека е „загрижена поради зголемувањето на насилството врз новинарите” што известуваат за демонстрации, потсетувајќи дека „слободата на изразување е витален елемент на демократијата”.

„Покривањето во живо на настаните е во срцето на новинарското работење”, се вели во соопштението на УНЕСКО, кое има мандат да ја заштити слободата на изразување.

Таа работа е „неопходна за да се гарантира слободата на печатот и правото на информации”, додава Азуле.

„Во последниве години, меѓутоа, брановите протести ширум светот ги покажаа ризиците од прекумерната употреба на сила од страна на полицијата против новинарите: репортерите се убивани или повредувани од гумени куршуми, оние кои известуваат директно од демонстрациите се приведувани или обвинувани за непочитување на наредбите за разотидување, а нивниот професионален материјал им е одземан или уништен “, наведува УНЕСКО.

Високиот комесар на ООН за човекови права Мишел Бачел го осуди „невиденото насилство” врз новинарите во САД за време на протестите против расизмот и полициската бруталност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот