УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Букови шуми. / Фото: МИА

Нашата држава доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство – буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово.

Имено, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години е призната за Светско природно богатство на УНЕСКО на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.

Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесене на вчерашната проширената 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).

Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк Маврово, а е изработена со поддршка на Институт за екологија од Клагенфурт, Австрија и национални експерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот