22 C
Скопје

УНЕСКО: Дури 584 милиони деца со проблеми со читање, затворање на училиштата поради ковид-19 води кон генерациска катастрофа

УНЕСКО денеска предупреди дека 20 отсто повеќе ученици во светот во 2020 година не ги стекнале основните вештини за читање, што се очекувани за нивната возраст, поради делумното затворање на училиштата во текот на пандемијата на ковид-19.

– Бројот на деца со проблеми во читањето е поголем за 100 милиони, достигнувајќи 584 милиони минатата година, што е зголемување за повеќе од 20 проценти, што го неутрализира напредокот постигнат во последните две децении, наведува во деталниот извештај Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), во кој се додава дека станува збор за „генерациска катастрофа”.

Тој клучен индикатор секоја година ја мери способноста за читање на децата во второ и трето одделение во основно училиште, што е основно знаење кое ако не е солидно, може долгорочно да го попречи образованието на учениците.

УНЕСКО стравува дека ќе следи деценија од нарушување поради корона кризата и повикува на вонредни напори, како што се воведување курсеви и стратегии за да се надополни овој заостаток.

– Образованието треба да биде приоритет во мерките преземени кон здравствената криза и во плановите за закрепнување. Треба да се мобилизира меѓународната соработка за да се почитува основното право на образование и да се обезбеди континуитет во учењето, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле пред одржувањето на меѓународниот состанок на министрите за образование в понеделник.

Во извештајот се наведува дека 65 проценти од владите на земјите со ниски приходи го намалиле финансирањето на образованието, во споредба со 35 проценти од земјите со високи приходи.

„Загубите во учењето” ќе бидат најголеми во Латинска Америка и на Карибите и во Централна и Јужна Азија.

Образовните установи се целосно отворени во околу половина од земјите во светот (107), главно во Африка, Азија и Европа.

Поврзани вести

Заев: Секој има право да побара ново судење доколку има нови докази и аргументи

Слободен печат

Г-7 повика на отпочнување на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Слободен печат

Бектеши – Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата

Слободен печат

Скопје очекува од ЕУ потврда на европските вредности и да го испорача ветеното

Слободен печат

Белгиски земјоделец „по грешка“ ја поместил границата со Франција

Слободен Печат

Бесими – Јановски: Потпишан повеќегодишен Договор за грант од УСАИД, 8,2 милиона долари во првата година

Слободен печат

Остави Коментар