УНЕСКО: Драматично е зголемено насилството врз новинари во светот

Фото: EPA-EFE

Драматично е зголемено насилството врз новинари што известуваат од протести ширум светот, а полицијата и безбедносните сили се главните сторители, информира денеска УНЕСКО. Оваа агенција при Обединетѕите нации (ОН), во периодот меѓу јануари и јуни оваа година, регистрирала 21 протест во кој биле нападнати, уапсени или убени новинари.

– Нападите се дел од поширокт тренд во изминатите пет години во кој полицијата и безбедносните сили употребуваат прекумерна сила, се додава во извештајот на Агенцијата.

Меѓу 2015 година и 2020 година се убиени најмалку десет новинари, а 125 биле нападнати или уапсени, се наведува во извештајот на УНЕСКО во кој е опфатена состојбата во 65 земји. Убиените новинари работеле во Сирија, во Мексико, во Израел, во Никарагва, во Северна Ирска, во Нигерија и во Ирак.

Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулај, денеска ги повика владите да осигурат услови за новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без страв за сопствената безбедност.

– Новинарите имаат клучна улога во известувањето и во информирањето на граѓаните за протестите, па затоа ја повикуваме меѓународната заедница и сите релевантни институции да обезбедат почитување на овие основни права, порача Азулај.

УНЕСКО смета дека причини за протестите се економската нееднаквост, корупцијата, кршењето на политичките слободи, растечкиот авторитаризам, па затоа некои влади и не се заинтересирани за објективно информирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот