УНЕСКО донесе прв меѓународен документ за вештачка интелигенција

Вештачка интелегенција / Фото: Илустрација

УНЕСКО денеска соопшти дека усвоиле прв меѓународен документ за етика на вештачката интелигенција (ВИ) за регулирање на револуционерните технологии кои, и покрај многуте придобивки, носат и големи опасности за општеството.

„Технологиите на вештачката интелигенција можат да донесат големи придобивки за човештвото” и „сите земји можат да имаат корист од нив”, но „во исто време ги покренуваат основните етички прашања”, се посочува во воведот во препораката од 28 страници, ратификувана од 193 земји-членки на УНЕСКО.

„Треба да се обезбеди транспарентност и разбирливост на работењето на алгоритмите и податоците од кои тие се изведени”, бидејќи тие можат да влијаат „на човековите права и основните слободи, родовата еднаквост и демократијата”, велат од меѓународната организација со седиште во Париз.

Препораката на УНЕСКО, резултат на работата кон која се пристапи во 2018 година, ги истакнува вредностите – „почитување, заштита и унапредување на човековите права”, „различност и инклузивност”, промоција на „мирно општество” и животна средина – на кои Земјите-членки се обврзуваат.

Во неа се и задачите што мора да ги исполнат потписниците, особено законодавниот механизам за регулирање и надзор на вештачката интелигенција, за „гаранција за целосна безбедност на личните и чувствителни податоци” и за едукација на граѓаните на таа тема.

Русија, Кина и Иран, земји кои редовно се мета на кршење на човековите права, се потписници на текстот, кој, како што признава УНЕСКО, е „стимулативна мерка” без можност за санкции. САД и Израел, активни на полето на новите технологии, не се членки на УНЕСКО.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот