УНЕСКО до февруари ни даде рок да се поправат штетите врз Охрид

Државава ќе добие уште неколку месеци за да ги исполни препораките на УНЕСКО за охридскиот регион дадени во 2017 година, пренесува Канал 5.

Комитетот за светско наследство ги прифати забелешките на повеќе земји дека е направен извесен напредок, но земјава треба да добие дополнително време пред да се одлучува дали охридскиот регион ќе добие статус „светско наследство во опасност.“

„Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година, со можност, во случај да се утврди опасност на нејзината универзална вредност, да се вметне во листата на Светско наследство во опасност.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот